„Луѓе-птици“ и Бурмали џамија






Во Градскиот парк во Скопје, на два столба од некогашната Бурмали џамија стојат две, една спроти друга, поставени скулптури од композицијата „Луѓе-птици“ на младиот автор, вајарот Иван Ивановски. Изработени во полимермер, поставени се со одобрение на општина Центар на крајот од 2009 и во почетокот на 2010 година, во периодот кога Министерството за култура низ центарот на градот поставуваше и дел од селектираните, и за тој период многу актуелни и контроверзни, 35 скулптури.
Столбовите од џамијата од 15 век, заедно со дел од капителите и базисите, во паркот се наоѓаат веќе 85 години и се вклопени во хортикултурното решение, а таму биле пренесени од строгиот центар на градот по нејзиното уривање во 1925 година.

На овој необичен спој на остатоците од џамијата и модерната скулптура деновиве посочи долгогодишниот проучувач на османлиските споменици во Скопје, автор и на истоимената книга (издадена во1998), историчарката на уметност Лидија Кумбараџи- Богоевиќ. Поставувањето на двете голи човечки фигури, едната во цел раст, а другата во клекната положба, за неа претставува нагрдување, деградирање и омаловажување на елементите од Бурмали џамијата што, потенцира таа, имаат голема вредност.
„Во оваа еуфорија на поставување споменици во градот веќе не се води сметка каде се поставуваат. Поставените скулптури треба веднаш да се тргнат од столбовите и сите да се исчистат и од графити и да се заштитат на начин како што се заштитуваат вакви вредности во светот. Нормално би било елементите од паркот да се наоѓаат во уреден простор каде што некогаш се наоѓала џамијата, или во случај таа да се реконструира во иднина, да бидат вратени во неа, како и натписната плоча што се наоѓа во Куршумли - ан“, рече таа. Потсети дека џамијата изградена во1495 година, во непосредна близина на Камениот мост, претставувала импозантен споменик на културата и се одликувала со извонредна архитектура. „Спаѓала во редот на ретко убави џамии“, рече Кумбараџи која за споменатата книга ја добила наградата „13 Ноември“. Рече и дека досега во друга земја не сретнала пример како што е тој во Градскиот парк,.
А младиот автор Иван Ивановски, пак, знаел од каде потекнуваат столбовите пред да побара на нив да ја постави својата композиција, иако пред овие остатоци од минатото, како и пред останатите елементи од џамијата во паркот, не постојат никакви ознаки. „Мислам дека со поставувањето на скулптурите, на столбовите не им е одземено историското значење и вредност. Јас сакам скулптурите да стојат горе и околу тоа немав никаков проблем“.
Но, присуството на „Луѓе-птици“, сепак, отвора нова страница во перцепцијата на паркот. Како прво, многумина од граѓаните не ни знаат дека остатоците од џамијата што таму ги среќаваат имаат само теориска споменична вредност, која се' уште практично не е заштитена од надлежните институции. Нив ги нема ни во документацијата на Град Скопје, кој не се ни обратил до градскиот Конзерваторски центар за да ги заштити, конзервира или да ги исчисти од графитите испишани на нив. Од Министерството за култура, кои ги постави скулптурите, посочуваат дека столбовите не се регистрирани како културно наследство и не подлежат на соодветна законска заштита, но и дека не добиле никаква реакција или, пак, барање за дислокација на композицијата на Иван Ивановски.
„Столбовите од Бурмали џамија мора да останат какви што се, бидејќи се од изворен стил од 15 век, многу автентичен за Скопје. Само така и треба да се експонираат, а не врз нив да се вршат девастации. Пред нив треба да стои натпис за да бидат одбележани, а треба градскиот Конзерваторски центар да ги валоризира, а Управата за заштита на културното наследство да ги заштити како споменици пренесени од друг објект.Тие имаат неоспорна споменична вредност, но, се разбира, без скулптурите на нив. Јас никаде досега не сум сретнал такви случаи, бидејќи е познато дека во исламската архитектура нема претстави на човечки фигури“, изјави историчарот на уметност, Бехиџудин Шехаби.
Теоретската споменична вредност на елементите од Бурмали џамија во паркот не ја оспорува ниту директорката на Конзерваторскиот центар, Ема Петрова-Николовска и смета дека на композицијата „Луѓе-птици“, местото не и е на столбовите. „Може да биде таму во рамките на некој перформанс, но не и како дел постојана поставка. Столбовите кои не биле никогаш постамент, сега така се користат“.
„Луѓе-птици“ отворија нова страница и од својата, и од личната историја на нивниот автор. Времето ќе покаже што во неа допрва ќе биде внесено.

Катерина Богоева

Превземено од:www.utrinski.com.mk

Comments

  1. Г-н Бенджамін падышоў і вышэй за свае патрабаванні, каб дапамагчы мне з маёй пазыкай, якую я выкарыстаў, каб пашырыць свой аптэчны бізнес, яны былі дружалюбнымі, прафесійнымі і абсалютнымі каштоўнымі камянямі для працы. Я рэкамендую ўсім, хто шукае крэдыт, звяртацца. Lfdsloans@outlook.com.WhatsApp ... +19893943740.

    ReplyDelete
  2. https://burmali.blogspot.com/2011/04/blog-post_15.html?showComment=1539135514370#c6988141730856059302

    ReplyDelete
  3. Thanks for this post, I really found this very helpful. And blog about best time to post on cuber law is very useful. anymp4-video-converter-ultimate-crack

    ReplyDelete

  4. Thanks for sharing such great information, I highly appreciate your hard-working skills which are quite beneficial for me. tunepat-inc-amazon-video-downloader

    ReplyDelete
  5. It’s perfect time to make some plans for the long run and it is time to
    be happy. I have read this publish and if I may I wish to counsel you some interesting issues or tips.
    Maybe you could write next articles relating to this article.
    I wish to read even more issues approximately it!
    folx pro activation code
    bitwig studio torrent
    letasoft sound booster product key list
    adguard for windows crack
    prtg torrent
    Crack Like

    ReplyDelete
  6. We’re fortunate to have an innovator and creative such as you in our midst. Congratulations for a job well done
    nitro-pro-crack
    hitmanpro crack
    vsdc video editor crack

    ReplyDelete
  7. Hey! This is my first visit to your blog.
    We are a collection of volunteers starting with one
    a new project in the community in the same niche.
    Your blog has provided us with useful information to work with. YOU
    did a fantastic job!
    autocad crack
    audials one crack
    audials one crack
    secret disk pro crack

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Под Бурмали-џамија немало црква

Реакција на Организацијата на Исламската Конференција за земјиштето на Бурмали џамијата