Posts

Showing posts from July, 2009

Презентација на Бурмали џамија на плоштад

Image
Одборот на координативното тело составен од 9 организации и подржан од 77 други невладини организации потписници на барањето за возобновување на џамијата , во 2009 година презеде низа активности за презентирање на проектот за изградба на Бурмали џамијата и преку мирни собири на плоштад спроведе запознавање на граѓаните на град Скопје со објектот кој е од исклучителна историска, архитектонска и верска важност за градот и околината. Одборот на координативното тело за возобновување на џамијата Изјава за медиумите дава портпаролот на координативно тело Рамадан Рамадани Еден од проектите наречен Бурмали баклава Граѓаните беа запознаени со иницијативата за изградба и покажаа солидарност кон проектот
Image
БУРМАЛИ ЏАМИЈА - СКОПЈЕ Бурмали џамија била изградена во 1495 год., на десната страна на реката Вардар во непосредна близина на Камениот Мост во Скопје. Таа била лоцирана на некогашната улица Султан Решат во Гази Ментеш маало кое било едно од поголемите скопски маала кои се наоѓале на денешниот плоштад Македонија. Бурмали Џамија била изградена од страна на Мехмет Бег Карлоили Заде (достоинственик од областа Карли). Овој легатор го оставил и своето име на натписот пред влезот на џамијата од каде се дознава и годината на нејзината изградба. Бурмали Џамија имала интересна архитектура. Била ѕидана со камен и тула, а покриена со три лонгитудинално поставени куполи (т.н. тонози во вид на корита). Влезниот трем бил покриен со 5 куполи кои пак лежеле на здепасти столбови. Бурмали Џамија своето име го добила од витканото тркалезно минаре, кое пак од фундаментот до кубусот имало премин во форма на баклава. Оттука го добива името познатата бурмали баклава. Бурма

Бурмали џамијата низ разгледници и слики

Image