Posts

Showing posts from April, 2011

„Луѓе-птици“ и Бурмали џамија

Image
Во Градскиот парк во Скопје, на два столба од некогашната Бурмали џамија стојат две, една спроти друга, поставени скулптури од композицијата „Луѓе-птици“ на младиот автор, вајарот Иван Ивановски. Изработени во полимермер, поставени се со одобрение на општина Центар на крајот од 2009 и во почетокот на 2010 година, во периодот кога Министерството за култура низ центарот на градот поставуваше и дел од селектираните, и за тој период многу актуелни и контроверзни, 35 скулптури. Столбовите од џамијата од 15 век, заедно со дел од капителите и базисите, во паркот се наоѓаат веќе 85 години и се вклопени во хортикултурното решение, а таму биле пренесени од строгиот центар на градот по нејзиното уривање во 1925 година. На овој необичен спој на остатоците од џамијата и модерната скулптура деновиве посочи долгогодишниот проучувач на османлиските споменици во Скопје, автор и на истоимената книга (издадена во1998), историчарката на уметност Лидија Кумбараџи- Богоевиќ. Поставувањето на двете голи чове

Реакција на Организацијата на Исламската Конференција за земјиштето на Бурмали џамијата

Image
Координативниот одбор на невладините здруженија за обнова на Бурмали џамијата, соопштува за непријатностите кои ги искажа Организацијата на Исламската Конференција за земјиштето на Бурмали џамијата во Скопје: Организацијата на Исламската Конференција (ОИК) во вторник, 5-ти април 2011 година, го изрази своето разочарување поради одлуката на Република Македонија за продажба на местото каде беше изградено старата Бурмали џамија, пред повеќе од четири века, за една компанија која има цел за инвестирање. Генералниот секретар на ОИК со загриженост ги следел медиумските извештаи за целта на Владата на Македонија, да изгради хотел во тоа место и веднаш презел иницијатива за да ги извести исламските авторитети (Мешихат) во Македонија за да го истражува ова прашање со цел да ги преземе потребните чекори за да ги заштити историските права на муслиманите во Македонија. После утврдувањето на целта на Владата на Македонија за инвестирање на местото, ОКИ побара да се повлече донесената одлука и да се