Posts

Showing posts from May, 2010

Под Бурмали-џамија немало црква

Image
Утрински весник 4 септември 2009 Првиот христијански верски објект на десниот брег на Вардар бил изграден во втората половина на 19 век, а тоа била католичката капела Д-р Коста Балабанов Во едно неодамнешно интервју, премиерот Никола Груевски рече дека барањето за изградба на Бурмали-џамијата дополнително се комплицира, бидејќи МПЦ тврдела дека таа џамија била изградена врз темелите на урната црква за време на Османлиското Царство, така што на некој начин и таа полагала интерес за тоа земјиште. Од погоре кажаното, јасно произлегува дека споменатата информација премиерот ја добил од МПЦ, бидејќи во интервјуто тој вели дека „МПЦ тврди дека Бурмали-џамијата била изградена врз темелите на урната црква за време на Османлиското Царство“. Сакам да се обратам до МПЦ, а не до премиерот, и да прашам врз основа на кои историски изворни документи или кажувања МПЦ дошла до сознанието дека Бурмали-џамијата била изградена врз темели на некоја урната црква, па врз основа на таквите сознанија го информ