Реакција на Организацијата на Исламската Конференција за земјиштето на Бурмали џамијата










Координативниот одбор на невладините здруженија за обнова на Бурмали џамијата, соопштува за непријатностите кои ги искажа Организацијата на Исламската Конференција за земјиштето на Бурмали џамијата во Скопје:
Организацијата на Исламската Конференција (ОИК) во вторник, 5-ти април 2011 година, го изрази своето разочарување поради одлуката на Република Македонија за продажба на местото каде беше изградено старата Бурмали џамија, пред повеќе од четири века, за една компанија која има цел за инвестирање.
Генералниот секретар на ОИК со загриженост ги следел медиумските извештаи за целта на Владата на Македонија, да изгради хотел во тоа место и веднаш презел иницијатива за да ги извести исламските авторитети (Мешихат) во Македонија за да го истражува ова прашање со цел да ги преземе потребните чекори за да ги заштити историските права на муслиманите во Македонија. После утврдувањето на целта на Владата на Македонија за инвестирање на местото, ОКИ побара да се повлече донесената одлука и да се дозволи на муслиманите на Македонија да се обнови историската џамија на своето оригинално место. Меѓу другото, ОКИ потенцираше дека ако се интервенира во местото на џамијата за други цел, овој акт може да предизвика непожелни последици во меѓуетничките односи и верска припадност. Истовремено, додека ОКИ ги има предвид пријателските односи со Македонија, исто така потенцираше дека инсистирањето на Скопје во измена на било какви параметри на џамијата ќе се одрази негативно во билатералните односи не само со ОКИ но и со целиот исламски свет.


Координативен одбор за Бурмали Џамија

Comments

Popular posts from this blog

Под Бурмали-џамија немало црква