БУРМАЛИ ЏАМИЈА - СКОПЈЕ
Бурмали џамија била изградена во 1495 год., на десната страна на реката Вардар во непосредна близина на Камениот Мост во Скопје. Таа била лоцирана на некогашната улица Султан Решат во Гази Ментеш маало кое било едно од поголемите скопски маала кои се наоѓале на денешниот плоштад Македонија.
Бурмали Џамија била изградена од страна на Мехмет Бег Карлоили Заде (достоинственик од областа Карли). Овој легатор го оставил и своето име на натписот пред влезот на џамијата од каде се дознава и годината на нејзината изградба.
Бурмали Џамија имала интересна архитектура. Била ѕидана со камен и тула, а покриена со три лонгитудинално поставени куполи (т.н. тонози во вид на корита). Влезниот трем бил покриен со 5 куполи кои пак лежеле на здепасти столбови.
Бурмали Џамија своето име го добила од витканото тркалезно минаре, кое пак од фундаментот до кубусот имало премин во форма на баклава. Оттука го добива името познатата бурмали баклава.
Бурмали Џамија била урната во 1925 год., а на нејзино место бил изграден офицерскиот дом кој бил разурнат до темел со земјотресот од 1963 год.

Comments
Post a Comment