БУРМАЛИ ЏАМИЈА - СКОПЈЕ Бурмали џамија била изградена во 1495 год., на десната страна на реката Вардар во непосредна близина на Камениот Мост во Скопје. Таа била лоцирана на некогашната улица Султан Решат во Гази Ментеш маало кое било едно од поголемите скопски маала кои се наоѓале на денешниот плоштад Македонија. Бурмали Џамија била изградена од страна на Мехмет Бег Карлоили Заде (достоинственик од областа Карли). Овој легатор го оставил и своето име на натписот пред влезот на џамијата од каде се дознава и годината на нејзината изградба. Бурмали Џамија имала интересна архитектура. Била ѕидана со камен и тула, а покриена со три лонгитудинално поставени куполи (т.н. тонози во вид на корита). Влезниот трем бил покриен со 5 куполи кои пак лежеле на здепасти столбови. Бурмали Џамија своето име го добила од витканото тркалезно минаре, кое пак од фундаментот до кубусот имало премин во форма на баклава. Оттука го добива името познатата бурмали баклава. Бурма...
Popular posts from this blog
Под Бурмали-џамија немало црква
Утрински весник 4 септември 2009 Првиот христијански верски објект на десниот брег на Вардар бил изграден во втората половина на 19 век, а тоа била католичката капела Д-р Коста Балабанов Во едно неодамнешно интервју, премиерот Никола Груевски рече дека барањето за изградба на Бурмали-џамијата дополнително се комплицира, бидејќи МПЦ тврдела дека таа џамија била изградена врз темелите на урната црква за време на Османлиското Царство, така што на некој начин и таа полагала интерес за тоа земјиште. Од погоре кажаното, јасно произлегува дека споменатата информација премиерот ја добил од МПЦ, бидејќи во интервјуто тој вели дека „МПЦ тврди дека Бурмали-џамијата била изградена врз темелите на урната црква за време на Османлиското Царство“. Сакам да се обратам до МПЦ, а не до премиерот, и да прашам врз основа на кои историски изворни документи или кажувања МПЦ дошла до сознанието дека Бурмали-џамијата била изградена врз темели на некоја урната црква, па врз основа на таквите сознанија го информ...
„Луѓе-птици“ и Бурмали џамија
Во Градскиот парк во Скопје, на два столба од некогашната Бурмали џамија стојат две, една спроти друга, поставени скулптури од композицијата „Луѓе-птици“ на младиот автор, вајарот Иван Ивановски. Изработени во полимермер, поставени се со одобрение на општина Центар на крајот од 2009 и во почетокот на 2010 година, во периодот кога Министерството за култура низ центарот на градот поставуваше и дел од селектираните, и за тој период многу актуелни и контроверзни, 35 скулптури. Столбовите од џамијата од 15 век, заедно со дел од капителите и базисите, во паркот се наоѓаат веќе 85 години и се вклопени во хортикултурното решение, а таму биле пренесени од строгиот центар на градот по нејзиното уривање во 1925 година. На овој необичен спој на остатоците од џамијата и модерната скулптура деновиве посочи долгогодишниот проучувач на османлиските споменици во Скопје, автор и на истоимената книга (издадена во1998), историчарката на уметност Лидија Кумбараџи- Богоевиќ. Поставувањето на двете голи чове...
Comments
Post a Comment